Дома Ракомет Вардар испушти победа на седум секунди до крајот, Нант остана без место понатаму

Вардар испушти победа на седум секунди до крајот, Нант остана без место понатаму

Вардар испушти победа на седум секунди до крајот, Нант остана без место понатаму

Седум секунди го делеа Вардар 1961 од победа над Мелсунген, но завршницата во Скопје им донесе радост на гостите. Флоријан Дростен погоди за конечни 26:26, резултат што му беше доволен на германскиот тим да обезбеди место во следната фаза од Лигата на шампионите.

Расплетот во групата Б го остави Нант надвор од натпреварувањето. Францускиот состав загуби на гостувањето кај Висла Плоцк со 33:27, па заедно со Мелсунген понатаму оди полскиот шампион. Европскиот настап на Нант ќе продолжи во Европската лига на ЕХФ.

Еден од клучните играчи во победата на Висла беше црногорскиот голман Миљан Вујовиќ, кој запиша 16 одбрани. Неговиот придонес им помогна на домаќините да го добијат директниот дуел за продолжување на настапот.

Во групата Ц, ПСЖ го совлада Алборг со 32:25 и ја освои првата позиција, од која во следната фаза ќе пренесе три бода. Загреб, пак, го потврди третото место со гостински триумф над Целје од 38:32. Словенечкиот шампион ја заврши групата без освоен бод во шест натпревари.

Веспрем и Магдебург не дозволија ниту еден кикс во почетната фаза. Двата тима забележаа по шест победи во шест кола: унгарскиот шампион славеше кај Порто со 34:29, а актуелниот европски првак Магдебург го победи Кринс-Луцерн со 36:29.

Победа запиша и Киелце, кој во ефикасен натпревар беше подобар од Колстад со 40:35. Завршени се шест од осумте групи, а преостанатите две ќе го добијат својот расплет во четврток, кога ќе биде познат и целосниот состав за следната фаза.

Фото: Handball-Planet

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Марковиќ избира меѓу 35 ракометарки, патот на ЕП почнува со Швајцарија

Македонија го формира составот за Европското првенство во Клуж. Подготовките почнуваат на …