Дома Фудбал Навивачите негодуваа за цените, ФИФА инкасирала пет милијарди од билети!

Навивачите негодуваа за цените, ФИФА инкасирала пет милијарди од билети!

Навивачите негодуваа за цените, ФИФА инкасирала пет милијарди од билети!

Билетите за Мундијалот во САД, Канада и Мексико ѝ донеле на ФИФА приходи од пет милијарди долари, пишува „Тајмс“. Весникот се повикува на извори од светската фудбалска организација, додека официјалната финансиска потврда допрва треба да биде објавена.

Колкав е размерот на оваа сума покажува споредбата со претходното Светско првенство. Во Катар во 2022 година, ФИФА официјално пријави 929 милиони долари од билети. Ако се потврди информацијата на „Тајмс“, приходите од истата ставка за изданието во 2026 година би биле повеќе од петпати повисоки.

Високите цени, сепак, беа причина за незадоволство кај многу навивачи за време на турнирот. Тие јавно ги критикуваа сумите што требаше да ги платат за да ги следат натпреварите од трибините, оценувајќи ги билетите како прескапи.

На прашањето од „Тајмс“ за приходите, ФИФА упати на својот годишен извештај, во кој ќе бидат објавени официјалните бројки. Дотогаш, сумата од пет милијарди долари останува информација на весникот заснована на неговите извори.

Мундијалот 2026 беше посебен и по организацијата: првпат во историјата на Светските првенства, домаќинството истовремено го делеа три држави.

Фото: Република

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Случајот Висдом се проширува: покрај лекарскиот документ, спорен и престојот?

По жалбата на Вардар за настапот на Окере Ебубе Висдом, се отвора и прашањето за неговиот …