Дома Фудбал Модриќ со емотивна порака по трагедијата во Шпанија: Ви испраќам љубов и сила

Модриќ со емотивна порака по трагедијата во Шпанија: Ви испраќам љубов и сила

Модриќ со емотивна порака по трагедијата во Шпанија: Ви испраќам љубов и сила

Лука Модриќ им упати поддршка на семејствата погодени од тешката железничка несреќа во Шпанија. Хрватскиот капитен се огласи на мрежата Икс по трагедијата во покраината Толедо, во која, според информациите на „Ел Паис“, загинале најмалку 64 лица, а десетици се повредени.

Фудбалерот, кој долги години го носеше дресот на Реал Мадрид и изгради посебна поврзаност со Шпанија, во својата објава им изрази сочувство на блиските на загинатите. Дел од пораката им го посвети и на луѓето вклучени во помошта за настраданите.

„Тажна е веста за денешната железничка несреќа во Шпанија. Мое најискрено сочувство до семејствата и блиските на загинатите. Им ја испраќам сета моја љубов и сила за да ги пребродат овие исклучително тешки моменти. Голема благодарност и до сите што им помагаат на погодените.“

До судирот дошло во средата наутро. Брз воз на превозникот „Ренфе“ удрил во воз на компанијата „Ирјо“, кој стоел на пругата.

Додека спасувачките служби продолжувале со работата на местото на несреќата, шпанските власти ги утврдувале околностите. Според изјавата на шпанскиот министер, причината за судирот е човечка грешка: на возот му бил дозволен премин и покрај црвениот сигнал и зафатената пруга.

Фото: Index.hr

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хасукиќ двоен стрелец во Битола: Силекс останува во трката за нов куп-трофеј

Силекс го елиминира Пелистер со 3:0, со три погодоци пред паузата. Бранителот на трофејот …