Дома Кошарка Ривс пред Дончиќ, Лејкерси славеа против градскиот ривал

Ривс пред Дончиќ, Лејкерси славеа против градскиот ривал

Остин Ривс беше прв стрелец на Лејкерси во победата над Клиперси со 125:117, во градската пресметка од НБА-лигата одиграна во „Crypto.com Arena“ во Лос Анџелес.

Ривс го заврши натпреварот со 28 поени, а зад него во победничкиот состав беше Лука Дончиќ со 23. Двајцата заедно постигнаа 51 поен, а Лејкерси го добија дербито со осум поени разлика.

Во останатите средби од програмата во ноќта меѓу петок и сабота, најубедлива беше Атланта, која го совлада Шарлот со 128:81. На спротивниот крај според разликата беше дуелот во Јута: домашниот тим го победи Њу Орлеанс со минимални 120:119.

Бостон беше подобар од Њујорк со 107:103, додека Мемфис славеше против Голден Стејт со 111:108. Победи на гостински терен запишаа и Далас, Минесота, Торонто, Детроит, Хјустон и Портланд.

  • Бостон – Њујорк 107:103
  • Шарлот – Атланта 81:128
  • Индијана – Далас 105:121
  • Орландо – Минесота 93:115
  • Вашингтон – Торонто 102:112
  • Мајами – Детроит 111:128
  • Сан Антонио – Хјустон 110:114
  • Јута – Њу Орлеанс 120:119
  • Голден Стејт – Мемфис 108:111
  • Сакраменто – Портланд 120:128
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јокиќ го симна Вестбрук од врвот: Историски рекорд по луд пресврт на Денвер!

Никола Јокиќ стигна до 222 трипл-дабла во регуларниот дел и плејофот заедно, а Денвер надо…