Дома Актуелно Навивачите на Баерн му приредија “специјален” пречек на Нејмар

Навивачите на Баерн му приредија “специјален” пречек на Нејмар

Фудбалерите на Баерн Минхен синоќа го совладаа ПСЖ со 3:1 и му го нанесоа првиот пораз на францускиот гигант оваа сезона во ЛШ. Сепак, баварците останаа второпласирани во групата и со тоа веројатно ќе имаат потежок ждреб на 11. декември.

Натпреварот покрај одличните погодоци и атрактивните потези го одбележи и бразилецот Нејмар. Поранешниот ас на Барса стана еден од најомразените играчи на фудбалските терени поради трансферот во ПСЖ.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Тој за рекордни 222. милиони евра го напушти Камп Ноу, а фудбалската јавност го нарече предавник за пари.

На синоќешниот натпревар навивачите на Баерн му приредија “специјален” пречек со тоа што му фрлаа лажни банкноти со неговиот лик.

Со тоа германците порачаа дека фудбалот мора да биде над се.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Неверојатно: Манчестер сити во 2008 година случајно испратил понуда за Меси, еве и како

Манчестер сити пред седумнаесет години беше на чекор да го доведе Лионел Меси, и тоа сосем…