Дома Трансфер зона Пасторе на излезна врата: Познато каде НЕМА да се пресели

Пасторе на излезна врата: Познато каде НЕМА да се пресели

Хавиер Пасторе не е задоволен од својот статус и минутажата која ја добива во Пари Сент Жермен, па најверојатно ќе ја промени средината во зимскиот преоден рок.

Пасторе јавно го искажа своето незадоволство од третманот кој го има кај тренерот Унаи Емери, а раководството на ПСЖ нема да му стои на патот и ќе му дозволи да замине доколу пристигне адекватна понуда.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанските медиуми изминатите денови тврдеа дека Валенсија покажува сериозен интерес за Аргентинецот, но неговиот агент Симониан денес категорично демантираше дека Паторе може да се пресели во Валенсија.

За 28-годишниот фудбалер најсилен интерес покажува Интер, како и неколку клубови од Премиер лигата, а ПСЖ бара најмалку 25 милиони евра за неговата слобода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…