Дома Трансфер зона Реал одлучи да го купи Диабала: 80 милиони евра + нивниот одличен играч за врска

Реал одлучи да го купи Диабала: 80 милиони евра + нивниот одличен играч за врска

Како што тврдат шпанските медиуми, Паоло Диабала речиси сигурно ќе го напушти Јувентус и ќе се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Одличниот напаѓач на „Старата дама“ уште минатата сезона беше цел на Реал Мадрид, но Аргентинецот одлучи да остане и да го продолжи договорот. Како што пишува угледната „Марка“, весник кој е многу блиску до Реал, „Кралскиот“ клуб сака да го донесе Аргентинецот на лето, кога речиси сигурно ќе го напушти Мадрид.

На „Бернабеу“ се свесни дека Јувентус не е клуб кој лесно и за мали пари ќе се откаже од играч кој е од елитната класа, па подготвија интересна понуда.

„Марка“ пишува дека Реал е подготвен на Јуве да му исплати 80 милиони евра и заедно со парите за Торино да го испрати и Тони Крос. Познато е дека Јуве неколку пати се обиде да го доведе Германецот, во Мадрид се надеваат дека со оваа понуда ќе успеаат да ги убедат Италијанците да го пуштат Аргентинецот и да се согласат за замена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…