Мадридскиот весник „АС“ пренесува дека Реал Мадрид спремил буџет од 160 милиони евра за три големи засилувања.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Реал Мадрид оваа сезона не игра според очекувањата, заостануваат 8 бода зад лидерот Барселона, па јасно е дека на „кралевите“ им се потребни засилувања.
„АС“ пренесува дека Реал веќе пронашол две засилувања во Баскија. Првото е голманот на Атлетик Билбао, Кепа Аризабалага на кого на крајот на сезоната му истекува договорот. „Кралевите“ се спрмени да ја платат неговата откупна клаузула од 20 милиони евра и да го донесат уште во јануари.
Второто засилување е десниот бек на Реал Сосиедад, Одриозола кој има откупна клаузула од 40 милиони евра. „Кралевите“ се спремни да ја платат уште во јануар и да го остават во Сосиедад каде ќе има поголема минутажа и поголеми шанси да игра на Мундијалот.
Сепак, најголемото засилување треба да пристигна во нападот, а „АС“ тврди дека примарна цел во моментов е Мохамед Салах од Ливерпул. Египетскиот репрезентативец моментално е прв стрелец во Премиер лигата, а Реал има големи проблеми со реализацијата.
„Црвените“ за Салах минатото лето платија 50 милиони евра, а сега можат да заработат двојно, бидејќи „кралевите“ се спремни да понудат 100 милиони евра за неговиот потпис.