Напаѓачот на Барселона, Луис Суарез го прокоментира заминувањето на Нејмар од „Ноу Камп“, но можноста тој да направи трансфер во Реал Мадрид.
„Нејмар одлуката да премине во ПСЖ ја донесе после многу размислување и советување со семејството. Му беше тешко да замине бидејќи тука беше среќен, но мораме да прифатиме дека му беше потребен нов предзивик во кариерата. Не сме лути на него, мораме да го почитуваме она што тој го направи за овој клуб“, изјави Саурез за „Марка“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Потоа Суарез беше запрашан за можноста Нејмар да премине во големиот ривал на Барселона, Реал Мадрид.
„Никако! Искрено, не можам да замислам да го облече дресот на Реал Мадрид. Знам колкава почит има кон Барселона и кон поранешните соиграчи, поради тоа не верувам дека би можел премине на „Сантијаго Бернабеу“, истакна Уруваецот.
Односнот на Едисон Кавани и Нејмар веќе некое време е на работ на ескалација, а се пишуваше и дека Суарез интервенирал во поправањето на односот помеѓу Бразилецот и неговиот сонаородник. Дали има вистина во тоа?
„Не. Воопшто не се мешав, тоа не беше ситуација со која сакав да имам било каква врска“, заврши Суарез.