Дома Кошарка Лони Вокер се приклучува на Бешикташ, не на Партизан

Лони Вокер се приклучува на Бешикташ, не на Партизан

Лони Вокер Џуниор, американскиот кошаркар кој неодамна доби отказ од Денвер Нагетс, ќе ја продолжи својата кариера во турскиот клуб Бешикташ. Ова го потврди познатиот агент Миќо Ражнатовиќ, кој го застапува Вокер преку агенцијата “БеоБаскет”.

Вокер, кој претходно играше за Макаби Тел Авив, се обиде да се пробие во НБА лигата, но не успеа да добие вистинска шанса. Сега, со потегот на Ражнатовиќ, тој се враќа во Евролигата, каде што ќе биде големо засилување за тимот на Душан Алимпијевиќ.

Бешикташ, кој оваа сезона дебитира во Евролигата, има две победи и три порази. Иако вечерва загубија од Хапоел, пристигнувањето на Вокер се смета за значајно засилување.

Ражнатовиќ на социјалната мрежа “X” напиша: “Понокна прошетка низ Истанбул никогаш не била повозбудлива од вечерва.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Ѓерѓа ја става Србија пред Литванија во трката за Мундобаскетот

Селекторот на БиХ очекува Србија и Италија да ги освојат преостанатите две места од групат…