Дома Фудбал Един Џеко се прости од репрезентативниот дрес на Босна и Херцеговина

Един Џеко се прости од репрезентативниот дрес на Босна и Херцеговина

Един Џеко, еден од најголемите фудбалери на Босна и Херцеговина, го заврши својот репрезентативен пат со натпревар против Шведска во Лигата на нации. Натпреварот заврши 1:1, а Џеко го носеше дресот на „Змајовите“ по 152. пат.

Стадионот „Билино Поле“ во Зеница беше преполн, а навивачите му приредија незаборавна атмосфера на Џеко. Пред почетокот на натпреварот, околните згради беа украсени со транспаренти, а навивачите приредија бакљада. На стадионот, BH Fanatikosi му посветија специјална кореографија, додека дронови во воздухот го испишаа бројот 11 и името Џеко.

Во првото полувреме, Џеко постигна гол кој беше поништен поради тоа што топката ја напуштила играта пред центаршутот. Во 64. минута, селекторот Сергеј Барбарез го замени Џеко, кој го напушти теренот со многу емоции и аплаузи од трибините. Неговите соиграчи му направија шпалир, поздравувајќи го на излезот од теренот.

Шведска поведе со гол на Ѓокереш во 61. минута, но Босна израмни преку Керим Алајбеговиќ во 80. минута, спречувајќи пораз на овој значаен натпревар за Џеко.

По три кола, Шведска води во групата со 7 бодови, додека Босна е на второто место со 5 бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Италија со реми против Франција: Донарума задоволен од настапот

Џанлуиџи Донарума изјави дека Италија покажа одличен настап во ремито против Франција. …