Дома Фудбал Сопственикот на Ман Сити може да биде принуден да се раздели со клубот

Сопственикот на Ман Сити може да биде принуден да се раздели со клубот

Сопственикот на Манчестер Сити шеик Мансур може да биде принуден да се раздели со клубот како дел од можните санкции по признатите прекршувања на финансиските правила на Премиер лигата, тврди “Мирор”.

Според медиумот, меѓу можните казни е и одземање на сопственоста, иако конечните санкции сè уште не се утврдени.

Независна комисија го призна Сити за виновен по сите обвиненија за сериозни финансиски прекршувања во периодот 2009/10 – 2017/18, како и по три од четири обвиненија за недостаток на соработка во истрагата. Од Премиер лигата тврдат дека клубот користел фиктивни договори за да ги зголеми своите приходи и да ги намали своите трошоци. Манчестер Сити ги отфрла заклучоците и веќе објави дека ќе поднесе жалба на одлуката. Клубот има рок до петок да ја поднесе својата жалба, а конечната казна допрва треба да биде утврдена.

Во англиската преса се шпекулира за различни по тежина казни, како што најчесто се спомнуваат солидна финансиска санкција, одземање на точки и забрана за трансфери. Во овој контекст, изненадувачки доаѓа информацијата дека сегашните сопственици можат да бидат принудени да се разделат со клубот како дел од можната санкција. Последните години веќе имаше таков прецедент, кога владата го принуди рускиот олигарх Роман Абрамович да го продаде Челси, бидејќи тој беше санкциониран од локалното законодавство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ако Манчестер Сити биде исклучен, се знае каде оди Норвежанецот!

Приказната за Ерлинг Халанд и Барселона доби нова димензија, барем според информациите кои…