Дома Фудбал Руни не сака одземените титули на Сити, но сака да ги испратат во најниска лига

Руни не сака одземените титули на Сити, но сака да ги испратат во најниска лига

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед Вејн Руни изјави дека неговиот поранешен клуб не треба да добие премиерлигашки титули ретроактивно ако на Манчестер Сити им бидат одземени поради прекршување на финансиските правила, пренесоа британските медиуми денеска.

Манчестер Сити е прогласен за виновен за повеќето од 115 тужби што Премиер лигата ги покрена против клубот. Овие тужби се однесуваат на периодот од сезоната 2009/10 до 2017/18, а клубот е обвинет и дека не соработувал со истрагата на Премиер лигата од декември 2018 до февруари 2023 година.

Казната сé уште не е одредена, а Сити има намера да ја оспори одлуката. Една од можните санкции е одземање на титулите од англиски прваци освоени во периодот на кој се однесуваат обвинувањата.

Руни беше дел од тимот на Јунајтед кој заврши второпласиран зад Сити во сезоната 2011/12, но вели дека не би сакал да добие медал за титула во ретроспектива.

“Не би се чувствувал пријатно да прифатам уште еден медал од Премиер лигата, ако сме искрени, бидејќи мислам дека не ја заслужуваме. Не направивме доволно таа сезона за да ја освоиме лигата”, рече Руни во подкастот “Stick to United”, а пренесува BBC.

Тој истакна дека би му било непријатно да ја добие титулата на сметка на играчите на Сити кои, како што наведе, на теренот верувале дека ја освоиле.

“Ако тие играчи биле целосно несвесни за она што се случувало во врска со нив, а потоа им се одземе титулата, би ми било жал за нив. Можеби би ни ја доделиле, но не би ја сакал бидејќи како тим не ја заслуживме таа титула. Завршивме втори”., додаде Руни.

За разлика од прашањето за титулата, Руни смета дека Сити треба да биде исфрлен од Премиер лигата.

“Мислам дека ќе видиме како Сити испаѓа од лигата. Не знам како ќе се случи тоа, но мислам дека ќе видиме нивно испаѓање”., рече 40-годишниот Руни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лапорта ја откри вистинската трансфер „бомба“: Се обидовме се, лично му се јавив

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, откри дека неговиот тим минатото лето се обидел …