Дома Фудбал Бугарија по две кола во Лигата на Нации остана без селектор

Бугарија по две кола во Лигата на Нации остана без селектор

Фудбалската репрезентација на Бугарија ќе мора да бара нов селектор откако Александар Димитров си поднесе оставка поради незадоволителниот старт во Лигата на нациите.

Во првите две средби, коишто се одиграа во Пловдив, Бугарите освоија само еден бод. Прво беа поразени од Луксембург со 2:1, а потоа одиграа нерешено без голови против Естонија.

Димитров ја објави својата одлука веднаш по втората средба, изјавувајќи го своето незадоволство од играта и неспроведувањето на подготвениот план од неговиот тим.

“Играта беше многу хаотична. Подготвениот план не се спроведе и не успеавме да создадеме притисок во нападот. Тоа значи дека го загубивме доверението на играчите. Со ваква игра и вакви резултати мора да завршиме. Благодарен сум на Фудбалската федерација за укажаната можност”, изјави Димитров.

Под водство на Димитров, репрезентацијата на Бугарија одигра десет натпревари, постигнувајќи три победи, две нерешени резултати и пет порази.

Сега за Бугарија следуваат две гостувања. Во сабота ќе играат против Исланд во Рејкјавик, а три дена подоцна против Луксембург. Исланд со победата од 3:0 над Луксембург го презеде првото место во групата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Поранешен репрезентативец до Седлоски: Дај си оставка веднаш, ако си малце паметен!

Македонската фудбалска репрезентација продолжува со лошите резултати, а по поразот од Слов…