Дома Фудбал Cловенечкиот селектор ја смирува еуфорија: Македонија не е светска класа

Cловенечкиот селектор ја смирува еуфорија: Македонија не е светска класа

Словенија ја прекина негативната серија со победата од 2-0 над Македонија во синоќешниот натпревар, во кој домашната селекција остави многу подобар впечаток и заслужено ги освои трите бода.

Пред дуелот со македонската репрезентација, Словенците имаа само една победа на последните 11 средби, па триумфот во Љубљана за нив претставуваше значајно олеснување. Сепак, селекторот Боштјан Цесар по натпреварот повика на смиреност и порача дека нема простор за преголема еуфорија.

„Среќен сум што втор натпревар по ред не примивме гол и што верувавме дека ќе стигнеме до погодок. По ударот на Випотник во гредата на почетокот малку се вознемиривме, но останавме смирени и успеавме да ги искористиме шансите. Им честитам на играчите, одиграа одличен натпревар и ова треба да биде наша појдовна точка“, изјави Цесар.

Словенечкиот стратег сепак предупреди дека тимот мора да продолжи да работи и да напредува од натпревар во натпревар, без да се создава атмосфера на еуфорија по победата над Македонија.

„Игравме против добар тим, но Македонија сепак не е во самиот врв на европскиот фудбал“, додаде Цесар.

Македонија до крајот на овој циклус во Лигата на нации ја очекуваат уште два натпревари. Во сабота избраниците ќе ја пречекаат Шкотска, додека три дена подоцна ќе гостуваат кај Швајцарија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Олисе постави услови за продолжување на соработката со Баерн

Играчот на Баерн Минхен, Мајкл Олисе, изрази подготвеност да потпише нов долгорочен догово…