Дома Фудбал Ливерпул е подготвен за јануари: Пронајдоа Аргентинец кој ја разбуди фантазијата на навивачите

Ливерпул е подготвен за јануари: Пронајдоа Аргентинец кој ја разбуди фантазијата на навивачите

Ливерпул во зимскиот трансфер период ќе се обиде да доведе млад аргентински фудбалер од Бока Јуниорс.

Ливерпул веќе размислува за јануари, а на радарот на славниот клуб се најде име кое во наредните години може да вреди многу повеќе.

Според информациите од аргентинските и европските медиуми, на Енфилд сериозно го следат младиот Томас Аранда, офанзивен играч за врска на Бока Јуниорс кој годинава зачекори на големата сцена.

Аранда, на само 19 години, успеа да се избори за место во првиот тим на Бока, а неговите игри не останаа незабележани. Ливерпул наводно сака да реагира веќе во зимскиот трансфер период и да го доведе талентираниот Аргентинец пред неговата цена дополнително да порасне.

Интересно е што Ливерпул не е единствениот голем клуб што ја следи ситуацијата. Во приказната се спомнуваат и Челзи и Арсенал, а претходни извештаи го поврзуваа Аранда и со европски великани како Интер и Баер Леверкузен. Токму затоа на Енфилд сакаат да бидат чекор напред пред конкуренцијата.

Аранда е десноног офанзивен играч за врска кој може да игра на повеќе позиции во средниот ред. За Бока оваа сезона има забележано повеќе од 20 настапи, со два гола и три асистенции, а веќе доби и шанса во дресот на сениорската репрезентација на Аргентина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бугарија по две кола во Лигата на Нации остана без селектор

Фудбалската репрезентација на Бугарија ќе мора да бара нов селектор откако Александар Дими…