Дома Фудбал Седлоски по поразот: „Тажни сме, но мора да продолжиме да работиме“

Седлоски по поразот: „Тажни сме, но мора да продолжиме да работиме“

Селекторот на македонската репрезентација Гоце Седлоски призна дека поразот тешко им паднал на сите во националниот тим, но порача дека нема време за предолго разочарување и дека фокусот веќе е насочен кон следниот предизвик.

„Поразот боли многу, тажни сме, и фудбалерите и јас. Но, мораме да продолжиме да работиме и да го издржиме процесот на подмладување“, изјави Седлоски на прес-конференцијата.

Селекторот им честиташе на своите избраници за борбеноста и залагањето на теренот.

„Сакам да им честитам на фудбалерите затоа што оставија срце на терен“, додаде тој.

Седлоски не сакаше да посочува индивидуалци, но сепак упати посебни пофалби за Матеј Гаштаров, кој, според него, одиграл два одлични натпревари.

„Не сакам да зборувам за индивидуалци, но секоја чест за Матеј Гаштаров, одигра два одлични натпревари“, истакна селекторот.

Македонската репрезентација сега ќе го насочи вниманието кон следниот натпревар против Шкотска, а Седлоски најави дека тимот ќе се обиде да ги поправи работите во периодот што следува.

„Морам да кажам дека веќе фокусот е на Шкотска, ќе се подготвиме и се надевам дека ќе се подобриме“, порача Седлоски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус повлече потег вреден 250 милиони евра: Пристигна вест која ја изненади Италија

Јувентус објави дека ќе бара одобрување од акционерите за зголемување на капиталот до 250 …