Дома Фудбал Шокантна одлука! Сити прогласен за сериозни прекршувања на финансиските правила од Премиер лигата

Шокантна одлука! Сити прогласен за сериозни прекршувања на финансиските правила од Премиер лигата

Манчестер Сити е прогласен за виновен за сериозни прекршувања на правилата на Премиер лигата по завршувањето на долгогодишната постапка против англискиот гигант од страна на независна комисија.

Премиер лигата денеска објави официјално соопштение во кое се наведува дека независната Комисија утврдила бројни правила прекршени во период од девет сезони.

Според заклучоците на Комисијата, Манчестер Сити ги користел таканаречените „лажни“ или фиктивни комерцијални договори за вештачки да ги зголемува приходите и да ги намалува расходите.

Во тие договори беа вклучени над 900 милиони фунти, наведува Премиер лигата.

Комисијата исто така заклучи дека биле поднесени неточни финансиски извештаи и дека реалната финансиска состојба на клубот била криена.

Сити, според наодите на независната комисија, значително ги прекршил и лимитите на трошење поставени од Премиер лигата и УЕФА. Комисијата заклучила дека клубот имал намера да ги заобиколи правилата на Премиер лигата.

Посебно сериозни наоди Комисијата изнесе кога станува збор за соработката за време на истрагата.

Манчестер Сити, според заклучоците на постапката, повеќепати го прекршил обврската за соработка, а Комисијата наведе дека постоеле „координирани напори да се стопира и онеспособи истрагата“.

И покрај тоа што Комисијата донесе заклучоци за прекршувањата на правилата, санкцијата сè уште не е определена.

За казната ќе се одлучи на посебно рочиште, а меѓу можните казни може да бидат парична казна, одземање бодови или други спортски мерки.

Манчестер Сити има право на жалба на наодите на Комисијата, а рокот за поднесување на жалба е петок, 2 октомври.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Португалија зборува за денешниот потег на Кристијано Роналдо!

Кристијано Роналдо привлече големо внимание на последниот тренинг на репрезентацијата на П…