Дома Фудбал Флик лесно се откажа од ѕвездата на Барселона, Баерн веднаш реагираше

Флик лесно се откажа од ѕвездата на Барселона, Баерн веднаш реагираше

Жил Кунде за само неколку месеци од еден од посигурните членови на почетниот тим на Барселона стигна до ситуација каде мора сериозно да размисли за својата иднина на Камп Ноу.

Французинот во моментов не е во прв план кај Ханси Флик, а токму неговото паѓање во хиерархијата би можело да ги отвори вратите за голем трансфер.

Како што пишува каталонскиот Спорт, ситуацијата внимателно ја следи Баерн Минхен, кој Кунде го гледа како потенцијално решение за својата одбрана.

Кунде оваа сезона само два пати бил стартер во осум натпревари на Барселона. Дури три последни натпревари ги гледал од клупата, додека Ерик Гарсија добил предност на десната страна на одбраната.

Интересно е што Гарсија не случајно ја доби таа улога. Шпанецот неодамна откри дека Флик уште порано му најавил дека оваа сезона повеќе ќе игра како десен бек.

“Флик годинава веќе ме предупреди дека ќе играм почесто како бек”, изјави Гарсија за СЕР Каталуња.

Со тоа практично беше потврдено дека сегашниот статус на Кунде не е последица на една лоша игра или минлива одлука на Флик. Германецот очигледно има поинаква визија кога станува збор за распоредот на играчите во задната линија.

Во Минхен внимателно ја следат развојот на ситуацијата. Бајерн би можел да се обиде да го доведе Кунде доколку Мин-Џае Ким го напушти клубот. Јужнокореецот веќе некое време се поврзува со враќање во Серија А, но и со можен трансфер во Премиер лигата, а како заинтересирани клубови се спомнуваат Милан и Астон Вила.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Португалија зборува за денешниот потег на Кристијано Роналдо!

Кристијано Роналдо привлече големо внимание на последниот тренинг на репрезентацијата на П…