Дома Фудбал Инфантино го вади џокерот од ракав – ФИФА дели на сојузите 5.000.000.000 евра!

Инфантино го вади џокерот од ракав – ФИФА дели на сојузите 5.000.000.000 евра!

Претседателот на Меѓународната федерација на фудбалот (ФИФА) Џани Инфантино е подготвен да им подели на националните сојузи пари од резервите во вредност од над пет милијарди евра.

Во писмото до кое се дојде преку Би-Би-Си (BBC), а кое е понеделник испратено до претседателите на шесте континентални конфедерации, Инфантино посочува дека ќе поддржи “највисоко ниво на дополнително финансирање кое може одговорно да се обезбеди”, пренесе денеска BBC.

Неговото писмо следеше откако Европската фудбалска унија (УЕФА) и Конфедерацијата на Северна и Централна Америка и Карибите (КОНКАКАФ) побараа од ФИФА да им исплати на сите членки (нив 211) по 10 милиони долари од нивните резерви.

За овој предлог ќе расправа Советот на ФИФА на состанокот на 15 октомври.

“Не сакам унапред да го предвидувам износот”, напиша Инфантино.

Инфантино истакна нова одбрана за неуспешниот предлог за продажба на дел од комерцијалните права на Светското првенство, кој предизвика повици да поднесе оставка.

Повтори дека целта на планот беше да се обезбедат дополнителни средства за фудбалот.

И покрај критиките заради неговиот контроверзен план профитот од Светското првенство да се пласира на пазарот преку комерцијална филијала, како и губењето на поддршката од многу национални сојузи, ФИФА соопшти дека Инфантино има намера повторно да се кандидира на изборите следната година за последниот мандат, кој би траел до 2031 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Четири англиски гиганти планираат удар врз Манчестер Сити: Се работи за повеќе од 200 милиони фунти.

Проблемите за Манчестер Сити би можеле да станат уште поголеми. Откако нејзина независна к…