
Фудбалската репрезентација на Македонија денеска во Љубљана ќе се соочи со Словенија во вториот натпревар од новата сезона во Лигата на Нации и во него ќе се обиде да го поправи впечатокот од бледот издание во поразот од Швајцарија со 3-0 во Скопје.
Ниту Словенија не победи во првото коло и ремизираше со Шкотска 0-0, а и тие не се во најдобра форма затоа тшо на последните 11 натпревари победија само еднаш, ремизираа шест пати и пчетири пати беа поразени.
Традицијата од меѓусебните дуели е на наша страна во седум одиграни дуели, ние сме победиле на четири натпревари, Словенија само еднаш, две средби завршиле без победник.
МЕЃУСЕБНИ НАТПРЕВАРИ НА МАКЕДОНИЈА И СЛОВЕНИЈА
1993: Словенија – Македонија 1-4
1994: Македонија – Словенија 2-0
2012: Македонија – Словенија 3-2
2016: Словенија – Македонија 1-0
2019: Словенија – Македонија 1-1
2019: Македонија – Словенија 2-1
2021: Македонија – Словенија 1-1
На вчерашната прес-конференција пред натпреварот селекторот Гоце Седлоски најави и промени во составот, па се очекуваат промени во стартниот тим.
Добро го анализиравме натпреварот со Швајцарија и знаеме каде треба да ги поправиме грешките. Играчите се подготвени и очекувам од сите максимален ангажман. Словенија е квалитетна репрезентација, настапуваше на последното Европско првенство и заслужува максимален респект. Ќе има освежување во составот, во повеќе линии“, изјави Седлоски.
Но, треба да се потсети и дека Македонија го чека и првиот гол со новиот предводник, Седлоскио досега беше на клупата во пет дуели (Босна и Херцеговина, Турција, Ирска, Данска и Швајцарија) и во нив имаме гол разлика 0-11.
Натпреварот на стадионот во „Стожице“ се игра во стандардниот термин од 20:45 часот.