Дома Фудбал Одегард жестоко за стартот на Бернардо Силва: „За ова нема место на фудбалскиот терен“

Одегард жестоко за стартот на Бернардо Силва: „За ова нема место на фудбалскиот терен“

Мартин Одегард не го криеше разочарувањето по дуелот со Бернардо Силва, откако фудбалерот на Манчестер Сити го удри во пределот на глуждот.

Капитенот на Арсенал смета дека стартот бил непотребен и се случил откако тој веќе ја одиграл топката.

„Добив удар во глуждот. Тоа беше бесмислен потег од негова страна. Ме собори долго откако ја одиграв топката“, изјави Одегард.

Норвежанецот призна дека не му е јасно зошто Силва постапил така.

„Не разбирам што правеше. Ова нема место на фудбалскиот терен. Штета е што луѓето постапуваат на таков начин, но тоа е животот“, додаде капитенот на Арсенал.

Изјавата на Одегард дополнително ја зголеми тензијата околу спорниот дуел, а неговите зборови јасно покажуваат дека тој не го смета стартот на Силва за обичен фудбалски дуел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Македонија во Љубљана бара гол и поправање на впечатокот!

Фудбалската репрезентација на Македонија денеска во Љубљана ќе се соочи со Словенија во вт…