
Најдобриот тенисер во светот, Јаник Синер, во моментов не е активен на терените поради здравствени проблеми и повреда на коленото. За време на модната недела, во разговор со директорката на американскиот „Вог“, Ана Винтур, тој ја загрижи тениската јавност со својата изјава.
На нејзиното прашање за тоа дали ќе биде подготвен за претстојната сезона, Синер се насмевнал и одговорил:
„Ако не бидам подготвен до јануари, тогаш тоа ќе биде голем проблем…“
Тој објасни дека претходно планирал да учествува на турнирот во Пекинг, но сепак реши да не патува во Кина.
Италијанските медиуми известуваат за неговата моментална здравствена состојба и немаат исклучено можност за хируршка интервенција.