
Неверојатна сцена ни доаѓа од Лигата на нации на КОНКАКАФ. Натпреварот помеѓу Антигва и Барбуда и Ангвила заврши со убедлива победа на Антигва од 5:0. Но, резултатот сосема потона во сенка поради случувањата во последните минути од мечот.
Во центарот на вниманието беше Ејдан Сципио, репрезентативец на Ангвила кој влезе во игра во 68. минута. Неговиот влез веднаш го привлече вниманието заради неговата исклучително долга коса, врзана во плетенки кои му се спуштаа речиси до подот. Меѓутоа, неговата фризура се покажа многу позначајна за мечот отколку што некој можеше да претпостави.
Само неколку минути по влегувањето на Сципио, се случи првата бизарна ситуација. Во 71. минута, домашниот играч Грин го повлече за косата. Судијата немаше никакви дилеми и веднаш му покажа директен црвен картон. Благодарение на тоа, Ангвила доби нумеричка предност, и тоа во момент кога губеше со 5:0. Но, тука не беше крајот на драмата.
Во судиското продолжение, уште еден играч на Антигва, Најт, повторно се обиде со истиот потег. Повторно го фати Сципио за косата, а судијата не се двоумеше и му покажа директен црвен картон. Така, Сципио во нешто повеќе од 20 минути на теренот успеа да предизвика две исклучувања на противнички играчи.
Anguilla National Team subbed on a player in the 68th minute.
— Footy Xtra HQ (@footyxtraHQ) September 28, 2026
He then got two players from the other team sent off due to pulling of the hair. 😳 pic.twitter.com/0i502cMEKw