
Карим Адејеми зборуваше за конкуренцијата со Ентони Гордон за место во тимот, нагласувајќи дека здравата конкуренција може да биде позитивна за екипата.
„Најдобро е секој фудбалер да верува дека може да биде стартер“, порача Адејеми.
Германскиот репрезентативец истакна дека конкуренцијата е неизбежен дел од фудбалот, но дека атмосферата во соблекувалната мора да остане на високо ниво.
„Фудбалот е конкуренција, но мора да ја задржиме добрата атмосфера во соблекувалната. Тоа е најважно“, додаде Адејеми.