
Поранешниот фудбалер и италијански репрезентативец Дани Освалдо се наоѓа на одделението за интензивна нега во Аргентина по итна операција на белите дробови. Според извештаите на аргентинските медиуми, 40-годишниот Освалдо му беше отстранет дел од белодробното ткиво откако беше примен во болница во Буенос Аирес.
Освалдо неодамна почна да чувствува болки во градите, а неговата состојба се влоши изминатата недела. Неговата сестра и пријател побараа помош бидејќи забележаа дека тешко дише. Во болница е примен во четврток навечер, каде што лекарите утврдија дека има тежок плеврален излив. Лекарскиот тим одлучи дека е потребна итна операција.
За време на интервенцијата, му беше отстранет дел од белодробното ткиво, по што беше префрлен на одделението за интензивна нега. Освалдо, роден во Аргентина, но поранешен репрезентативец на Италија, и понатаму е под строг лекарски надзор. Болницата и аргентинските медиуми засега не објавија повеќе детали.