Дома Фудбал Седлоски: Презадоволен сум од сите, утре веруваме во голема поддршка!

Седлоски: Презадоволен сум од сите, утре веруваме во голема поддршка!

Македонија утре ја очекува натпреварот со Швајцарија во првото коло од Лигата на нации, а денеска селекторот Гоце Седлоски ја одржа редовната прес-конференција.

Селекторот засега е задоволен од сите фудбалери и од тоа како работат на тренинзите.

Овие четири тренинзи кои ги одработивме поминаа онака како што посакував, презадоволен сум од сите во тимот. Верувам дека за утре сите ќе бидеме подготвени, Швајцарија е силна, но одиме како и на секој натпревар досега. Заедно со помош на публиката ќе се обидеме да дојдеме до позитевен резултат“.

Швајцарија е ослабена, но за Седлоски е најважнно ние како ќе одиграме.

„Поддршката секако ја очекуваме, тие ќе бидат наш играч плус, а ние ќе дадеме максимум на теренот. Нас не нè интересира кој ќе дојде од Швајцарија, тие секако имаат многу квалитет, ние треба да се гледаме самите себе и да веруваме дека ќе одиграме еден добар натпревар. Кој ќе стартува ќе одлучам по тренингот вечерва. Секој кој ќе излезе на теренот ќе го даде максимумот. Немам замерка за никого, пресреќен сум што имам вакви момци во тимот“.

Испрати и повик до публиката да дојде во голем број.

„Ја повикувам публиката да дојде во што поголем број и да ја даде својата поддршка, сакаме бројката да биде голема, а играчите ќе ја оправдаа довербата. Селекторот на Швајцарција кажа дека одат на првото место, но и јас зборував пред Данска дека ќе успееме, па не успеавме, ние ќе се обидеме да одговориме на терен. Одиме од натпревар во натпревар, нашата цел е пласман на Европското првенство и одиме кон таа цел и ќе направиме сè за да собереме што е можно повќе, колку ќе бидат тоа, ќе видиме на крајот“, изјави Седлоски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барди: Ќе го оставиме срцето на терен, овој стадион е наш дом!

Капитенот Енис Барди присустввуваше на денешната прес-конференција пред утрешниот натпрева…