Дома Фудбал Македонија утре ќе биде ослабена, не игра ниту Николов

Македонија утре ќе биде ослабена, не игра ниту Николов

Македонската фудбалска репрезентација ќе биде дополнително ослабена за утрешниот натпревар против Швајцарија, кој од 20.45 часот ќе се игра во Скопје, во рамките на Лигата на нации.

Селекторот Гоце Седлоски на денешната прес-конференција потврди дека Бобан Николов заработил повреда на еден од последните тренинзи и нема да биде во комбинација за дуелот со Швајцарците.

Николов, сепак, останува во план за продолжението од циклусот. Доколку закрепне навреме, фудбалерот на Вардар би можел да настапи на некој од следните три натпревари, против Словенија, Шкотска или повторно против Швајцарија.

Покрај него ќе потсетиме, отсутен е и Чурлинов кој ќе го пропушти целиот прозорец поради проблеми со престојот во Полска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Седлоски: Презадоволен сум од сите, утре веруваме во голема поддршка!

Македонија утре ја очекува натпреварот со Швајцарија во првото коло од Лигата на нации, а …