
Јирген Клоп, по доаѓањето на позицијата селектор на Германија, воведе четири строги правила со кои сака да ја промени атмосферата и дополнително да го зацврсти тимскиот дух.
Како што пренесуваат германските медиуми, фудбалерите и членовите на стручниот штаб мора да ги почитуваат овие правила за време на собирите на репрезентацијата.
Првото правило се однесува на заедничките оброци – повеќе нема индивидуални доаѓања и јадење во собите. Сите мора да бидат на масата во однапред определено време.
Второто е забрана на мобилни телефони за време на тактичките состаноци, тренинзите, загревањата, теретаната и физио терапии.
Третото правило се однесува на личните фризери и стилисти. Играчите не смеат да ги донесуваат во хотелот или тренинг-кампот, туку фризурите мора да ги средат пред собирите.