Дома Останати Кошарка EСПН: Јокиќ е најдобар во НБА!

EСПН: Јокиќ е најдобар во НБА!

Експертите од ЕСПН составија листа на играчи за кои веруваат дека ќе бидат најдобри во претстојната сезона на НБА лигата.

На првото место се најде Никола Јокиќ, ѕвездата на Денвер Нагетс. Третпат по ред, Србин е на челото во нивната ранг-листа.

„Јокиќ се избори со Вембанјама и Шеј Гилџес-Александер. Сите имаат квалитети да бидат на челното место, но Јокиќ ја доби привилегијата. Двапати последователно остварува трипл-дабл, успех кој го има постигнато само Расел Вестбрук. Минатата година не беше МВП, но шест последователни години е прв или втор во МВП трката“, се наведува во анализата.

ЕСПН предвиде дека годинава српскиот ас повторно ќе оствари трипл-дабл резултат: 28,3 поени, 12,7 скока и 10,1 асистенции плус 1,6 украдени топки.

Второто место го зазема Вембанјама, а трети е Шеј Гилџес-Александер. Од четвртата до десеттата позиција се наоѓаат: Лука Дончиќ, Јанис Антетокумпо, Џејлен Брансон, Ентони Едвардс, Кејд Канингам, Џејсон Тејтум и Донован Мичел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Дончиќ со објава за своите ќерки по разводот од Ана Марија (Фото)

Лука Дончиќ (27) објави на Инстаграм порака посветена на своите ќерки. Објавата доаѓа по р…