Дома Трансфер зона Официјално: Манолас во Рома до 2022 година!

Официјално: Манолас во Рома до 2022 година!

Грчкиот репрезентативец Костас Манолас денес стави потпис на нов договор со Рома и се обврза на верност кон „волчицата“ до 2022 година.

Манолас е еден од најважните фудбалери на Рома, актуелниот договор му истекуваше во 2019 година, а денес потпишна нов, финансиски подобар договор до 2022 година.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Манолас пристигна во Рома во 2014 година од Олимпијакос и се етаблираше како еден од најдобрите дефанзивци во Серија А и до сега запиша над 100 настапи за „волчицата“.

„Многу сум среќен што го продолжив договорот со овој клуб. Јас сакам да останам, клубот сака да ме задржи и успеавме да се договориме. Спремен сум да го дадам најдоброто од себе исто како и до сега. Мојата примарна цел е да освојам трофеј со овој клуб“, изјави 26-годишниот Манолас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…