Дома Фудбал Тотенхем останува без уште еден спонзор: соработката завршува предвреме

Тотенхем останува без уште еден спонзор: соработката завршува предвреме

Тотенхем ќе остане без уште еден од своите спонзори. Според „Telegraph“, јужнокорејскиот производител на мебел Sidiz ќе ја прекине соработката со лондонскиот клуб пред истекот на договорот.

Договорот меѓу двете страни требаше да трае до 2028 година, но според информациите, партнерството ќе заврши предвреме, најверојатно кон крајот на октомври.

Sidiz е вториот партнер кој во последните шест месеци одлучил да го напушти Тотенхем. Претходно клубот го напушти и производителот на гуми Kumho Tyre.

Дополнително, од следната сезона ќе се промени и статусот на AIA, долгогодишниот главен спонзор кој со години го имаше своето лого на предната страна од дресот на Тотенхем.

AIA ќе продолжи да соработува со клубот, но нејзиното лого ќе биде преместено на тренинг-опремата.

Така, Тотенхем во краток период доживува значителни промени во своето спонзорско портфолио, со заминување на партнери и промена на позициите на брендовите кои остануваат во соработка со клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Каков пресврт во Барселона: Флик го кажа своето, на Алварез нема да му биде добро

Тренерот на Барселона смета дека на неговиот тим не му е потребно засилување во нападот, ш…