Дома Фудбал Макелеле жестоко по Реал Мадрид: „Нема разбирање меѓу играчите, тимот е слаб!“

Макелеле жестоко по Реал Мадрид: „Нема разбирање меѓу играчите, тимот е слаб!“

Легендарниот француски фудбалер Клод Макелеле даде исклучително критички осврт на актуелната состојба во Реал Мадрид, посочувајќи дека проблемите не се само во резултатите или судиските одлуки.

Според Макелеле, во тимот недостига јасна комуникација, како меѓу самите фудбалери, така и меѓу играчите и тренерот.

„Нема никакво разбирање меѓу играчите, ниту меѓу играчите и тренерот“, изјави Макелеле.

Французинот продолжи со остра критика на играта на мадридскиот гигант, оценувајќи дека тимот нема препознатлив план и јасна идеја на теренот.

„Тимот е слаб, нема план за игра или јасни идеи. Нема апсолутно ништо“, додаде тој.

Макелеле истакна и дека вината не треба да се бара во судиските одлуки, туку во она што Реал Мадрид го прикажува како тим.

„Проблемот не е судијата. Постои јасен недостаток во тимот“, порача поранешниот фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тотенхем останува без уште еден спонзор: соработката завршува предвреме

Тотенхем ќе остане без уште еден од своите спонзори. Според „Telegraph“, јужнокорејскиот п…