Дома Фудбал Куферите на Жозе Мурињо се подготвени!

Куферите на Жозе Мурињо се подготвени!

Жозе Мурињо многу брзо би можел да ги пакува куферите за заминување од Реал Мадрид.

Враќањето на Жозе Мурињо на клупата на Реал Мадрид беше пречекано со воодушевување кај мнозинството навивачи на кралскиот клуб.

По заминувањето на Карло Анчелоти, во „оганот“ беа фрлени Чаби Алонсо и Алваро Арбелоа, но ниту еден од нив не успеа да ги смири ѕвездите на кралскиот клуб, па две сезони по ред завршија без трофеј.

Како што обично се споменуваше, младите тренери немаат авторитет кај ѕвездите на кралскиот клуб, претседателот Флорентино Перез реши да реагира и на големо изненадување на сите во клубот го врати легендарниот Жозе Мурињо.

Познатиот Португалец се врати по 13 години, дојде како икона, доби огромни засилувања, но ни нему не му оди баш најдобро на почетокот од сезоната.

Реал игра навистина слабо и неубедливо. Вистина е, имаше поголеми победи, но веќе два пораза во првенството и скромна игра се нешто што никако не ги задоволува навивачите на еден од најголемите клубови во светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сопругата на фудбалер на Барса го „пецна“ Диоманде и тој ѝ возврати со жесток одговор!

Почетокот на сезоната во Шпанија донесе нова интересна приказна надвор од теренот, а во не…