Дома Фудбал Швајцарија ќе гостува во Скопје без Џака – отпадна поради лажна потврда за вакцина!

Швајцарија ќе гостува во Скопје без Џака – отпадна поради лажна потврда за вакцина!

Македонската репрезентација ќе има една олеснителна околност пред дуелот со Швајцарија, бидејќи гостите во Скопје ќе настапат без еден од своите најискусни фудбалери, Гранит Џака.

Швајцарскиот репрезентативец нема да биде дел од претстојниот собир на националниот тим поради случајот поврзан со сомнежите за фалсификување сертификат за вакцинација против коронавирусот.

Во истрагата е вклучена и докторка која, според досегашните информации, незаконски издавала потврди. Џака најави дека ќе соработува со надлежните институции со цел случајот да биде расчистен.

Од Фудбалската федерација на Швајцарија потврдија дека одлуката Џака да не биде повикан е донесена во договор со самиот фудбалер и стручниот штаб.

Македонија и Швајцарија ќе ги одмерат силите на 26 септември во Скопје, со почеток од 20:45 часот, во рамките на Лигата на нации.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Им нема конкуренција: Родри истакна тројца играчи по новата победа на Барселона

Барса урива сè пред себе. Можеби сега не дадоа пет гола и повеќе, но три беа сосема доволн…