Дома Фудбал Тотенхем вложи скоро 400 милиони евра, а на репрезентативната пауза заминува како последен во Премиер лигата

Тотенхем вложи скоро 400 милиони евра, а на репрезентативната пауза заминува како последен во Премиер лигата

Тотенхем минатата сезона едвај избегна испаѓање од Премиер лигата бидејќи во последниот натпревар беше подобар од Евертон и така го надмина Вест Хем во борбата за опстанок. За да не се повтори тоа, Спарси за време на летниот преоден период вложија огромна сума на пари, но досега тоа не им се исплатило.

Клубот од северен Лондон без отштета ги доведе Ендрју Робертсон, Мартин Дубравка и Маркос Сенеси, додека за Сандро Тонали, Матеус Фернандес, Савиња, Јан Пол ван Хеке и Тосин Адарабојо потроши дури 366 милиони евра. На тоа додадоа и двајца позајмени играчи, Михајло Мудрик и Омар Мармош.

Меѓутоа, засилувањата засега не донесоа посакуван резултат па Тотенхем по пет кола постигна само два гола, што беше доволно за три порази и две нерешени. Така Спарси под водство на Роберто Де Зерби паднаа на последното место во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мељичи: Сите знаеме која е Швајцарија

Македонската фудбалска репрезентација денеска ги стартуваше подготовките за натпреварите о…