Дома Топ вести Ѕвездата на Реал постави ултиматум: Или платете ме, или одам во ПСЖ

Ѕвездата на Реал постави ултиматум: Или платете ме, или одам во ПСЖ

Никогаш нема мир на „Сантиаго Бернабеу“. Шпанскиот медиум „Дон Балон“ пренесува дека односот помеѓу бразилскиот играч за врска Каземиро и раководството е многу „затегнат“ во последно време.

Имено, Каземиро кој во последно време се промовираше во еден од клучните играчи на „кралскиот“ клуб, пара од раководството нов договор со плата која ќе биде адекватна за играч од негова важност.


Финале ЛШ: Реал Мадрид 15-та, или Дортмунд втора!? ↓↓↓


Меѓутоа, челните луѓе на Реал се чини дека не се премногу заинтересирани за желбите на Каземиро, кој наводно е спремен да побара трансфер ако не добие нов договор.

Наводно, Бразилецот веќе стапил во контакт со Пари Сент Жермен кој е заинтересиран да го донесе во Париз и да го направи еден од најплатените фудбалери во светот.

Останува да видиме како „кралевите“ ќе реагираат на ваквиот ултиматум.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Гвардиола спреми рекордна понуда за Мењан

Мајк Мењан е еден од најважните карики во Милан и се етаблираше во еден од најдобрите голм…