Дома Фудбал Лапорта му се обрати на најдобриот во светот: Тебе те чекаат 105.000 гледачи на Камп Ноу, ти одлучи сам!

Лапорта му се обрати на најдобриот во светот: Тебе те чекаат 105.000 гледачи на Камп Ноу, ти одлучи сам!

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, повторно зборуваше за Лионел Меси и откри дека каталонскиот клуб не се откажа од идејата да организира спектакуларно простување за најголемиот фудбалер во својата историја на Камп Ноу.

Лапорта ја потврди на Генералното собрание на делегатите на Барселона дека клубот веќе разговарал со Меси за организација на специјална церемонија, која би се одржала по завршувањето на реконструкцијата на новиот Спотифај Камп Ноу.

Планот е стадионот, кој ќе има капацитет од речиси 105.000 гледачи, да биде исполнет до последното место за да се прости Аргентинецот од навивачите на начин каков што не му беше овозможен при заминувањето во 2021 година.

„Му кажавме на Меси дека сакаме да организираме простување за него кога стадионот ќе биде завршен, пред скоро 105.000 навивачи”, изјави Лапорта.

Тој додаде дека конечната одлука сепак му припаѓа на осумкратниот освојувач на Златната топка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Скалони ја загрижи цела Аргентина со својата изјава!

Лионел Скалони зад себе има еден од најуспешните периоди во историјата на аргентинската ре…