Резултатот беше отворен по одморот, кога Бобан Николов погоди за 1-0. Вардар продолжи со офанзивната игра, а во 69. минута Горан Закариќ ја затресе мрежата за втор погодок и предност која домашниот тим успеа да ја задржи до крајот.
Со оваа победа, Вардар стигна до 14 бодови и се наоѓа на третото место на табелата. Шкендија Арачиново останува со 13 бодови и моментално е петтопласирана.
Вардар славеше со 2-0 против Шкендија Арачиново во осмото коло од Првата лига, во натпревар во кој гостите добро се спротивставија во првиот дел. „Црвено-црните“ имаа повеќе од играта и создадоа неколку прилики, но на пауза се замина без голови.