
Кристијано Роналдо не планира да се откаже од репрезентативниот фудбал во скоро време.
Жорже Жезус го најави својот прв список откако ја презеде позицијата селектор на португалската репрезентација, а тука е и Кристијано Роналдо. Легендарниот Португалец продолжува со својата репрезентативна мисија и на 41 година и ќе ја предводи екипата кон нови успеси во Лигата на нациите.
Роналдо, дури и по Светското првенство, јасно изјави дека не планира да го затвори репрезентативното поглавје. Во големо интервју истакна дека тој сам ќе одлучи кога е вистинскиот момент за крај, а сега доби и поддршка од новиот селектор Жорже Жезус.
Жезус во јули ја презеде улогата од Роберто Мартинез и тогаш најави дека на почетокот нема да прави големи промени во тимот. Ова го потврди и со првиот објавен состав, каде што најголемиот дел од познатите лица остануваат дел од португалската репрезентација.
Португалија започнува со одбраната на титулата во Лигата на нациите, а Жезус ќе дебитира на 24 септември против Велс. Потоа, Португалците ќе се борат против Норвешка на 27 септември и Данска на 1 октомври, а овој циклус ќе го завршат на 4 октомври со натпревар против Норвешка на домашен терен.
