Медиумите тврдат дека Ливерпул конечно се согласил да го продаде Кутињо, но само под нивни услови.
Ливерпул е спремен да го продаде Кутињо во јануари за сума од 150 милиони евра со вклучени бонуси. Најпрво „црвените“ бараа само кеш, но сега сакаат да бидат вклучени и некои играчи. Најголемата желба на Клоп е Серџи Роберто!
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Играчот кој е производ на „Ла Масија“ вреди помеѓу 40 и 50 милионие евра, но оваа сезона не добива голема минутажа. На десната бековска позиција игра Семедо, а во средниот ред конкуренцијата е огромна.
Поради тоа Роберто сака да ја промени средината, има 25 години и сака да игра, а со оглед на неговите квалитети во секој друг клуб би бил стандарден.
Клоп смета дека Серџи Роберто ќе биде идеално засилување за неговиот тим, бидејќи може да игра и како десен бек, но и да биде адекватна замена за Емре Чан во средниот ред.
Останува да видиме дали Барса е спремна да се откаже од својот универзалец за да го добие потписот на Кутињо.