Дома Фудбал Фил Невил со пофалби за Челси: „Конечно ја погодија формулата“

Фил Невил со пофалби за Челси: „Конечно ја погодија формулата“

Поранешниот англиски репрезентативец Фил Невил смета дека Челси конечно го направил вистинскиот чекор во градењето на тимот, по неколку турбулентни сезони.

„Челси конечно ги прави работите како што треба за првпат во последните две или три сезони. Нивната политика на ангажирање играчи е стратешка“, изјави Невил.

Тој особено го истакна балансот меѓу младоста и искуството во составот на лондонскиот клуб.

„Додаваат искуство како Велбек и Хендерсон покрај своите млади ѕвезди, а го имаат и еден од најдобрите менаџери во Премиер лигата“, додаде Невил.

Според него, комбинацијата на млади таленти, искусни фудбалери и квалитетен тренер може да биде важен фактор за Челси во продолжението од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рој Кин со критики за Бруно: „Во наше време ќе се срамевме од тоа“

Рој Кин упати остри критики кон Бруно Фернандеш поради неговата реакција на еден дуел за в…