Дома Фудбал Верстапен се тркаше со картинг, тргна 101. ви и победи за 14 круга (Видео)

Верстапен се тркаше со картинг, тргна 101. ви и победи за 14 круга (Видео)

Макс Верстапен се натпреваруваше на невообичаена картинг трка на патеката „Силверстоун“, каде доби задача да тргне од последната 101. позиција и за помалку од 30 круга да ги претекне сите 100 противници.

На патеката се натпреваруваа новинари, актери, инфлуенсери, стримери, инженери и професионални возачи, а по квалификациите беше одредено почетното место на секој натпреварувач.

На самиот почеток, холандскиот ас лесно се справи со најслабите конкуренти, и веднаш по првиот круг, од 101. место стигна до 37. позиција.

До шестиот круг, Верстапен веќе беше меѓу десетте најдобри, а во деветиот круг имаше само тројца противници пред себе – инженерот Луис Ослер, Јутјуберот Зак Олсоп и новинарот Џеки Мартенс.

Тие му пружаа отпор неколку круга, но во 14. круг, Верстапен го престигна и последниот натпреварувач, завршувајќи како победник, за само 35 минути тркање.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тод Боели го напушти Челси, Иранец и Порториканец се новите газди

Челси препотврди значајни промени во својата структура на сопственици, со што Тод Боели по…