
Винисијус Јуниор е во фокусот на вниманието во Шпанија, а не само поради неговиот политички потег.
Бразилецот е во видливо слаба форма оваа сезона, иако Жозе Мурињо му дава јавна поддршка, фактите се на страната на критичарите. Винисијус Јуниор едноставно не е препознатлив, а бројките покажуваат дека е далеку од својата најдобра форма.
Натпреварот против Елче, според многумина, беше најлош негов во последниве години. Винисијус носеше лоши одлуки, беше несигурен и неточен во завршницата, а сите реномирани аналитичари му дадоа оценка под “шестка”.
Жозе Мурињо на крајот одлучи да го извлече од игра, и го префрли Јан Диоманде на левата страна, што многумина го видоа како јасен знак дека нема да биде незаменлив доколку не ја подобри својата игра.
Vinicius Jr vs Elche
— 🇪🇸 (@newreyreal2) September 15, 2026
Worst performance this season pic.twitter.com/lHT3hc5l5c
Статистиките покажуваат дека Винисијус беше еден од најслабите играчи во тимот на Жозе Мурињо, тој имаше дури пет шутеви кон голот, пропушти две големи шанси, и еден од новинарите во Мадрид изјави дека во следните натпревари може да седне на резервната клупа.
Во меѓувреме, првите ѕвезди на Барселона блескаат на теренот, и не се знае кој ќе биде поопасен, а AdmiralBet нуди одлични квоти дека вечер ќе ја продолжат својата голгетерска серија, било да е тоа Рафиња, Јамал или Фермин Лопез.
Инаку, од почетокот на сезоната, Винисијус постигна само еден гол, а има три асистенции за 600 минути поминати на теренот.
Погледнете дел од неговите потези во победата над Елче…