
Со натпреварите меѓу Омонија – Селта и Арарат – Спарта Прага, кои се закажани за вечерва во 18.45 часот, започнува новата сезона во фудбалската Лига Европа.
Во Лига Европа и оваа сезона ќе се натпреваруваат 36 екипи, а предвидено е да се одиграат осум кола. Во секое коло ќе има по 18 натпревари. Последното, осмо коло е на распоред на 28 јануари 2027 година. Осумте тимови кои ќе завршат на врвот на табелата ќе обезбедат директно место во осмина финалето на Лига Европа, додека екипите од 9-то до 24-то место ќе играат бараж за учество во осмина финалето. Екипите што ќе завршат од 25-то до 36-то место ќе ја завршат сезоната. Финалето на Лига Европа ќе се одржи на 26 мај 2027 година во Франкфурт.
Парови за првото коло на Лига Европа: среда: Арарат – Спарта Прага, Омонија – Селта, Баер Леверкузен – Целје, Милан – Бенфика, Олимпијакос – Јагјелонија, Андерлехт – Олимпик Лион, Штурм – Рен, Сандерленд – АЗ Алкмар, Хапоел Бер Шева – Динамо Загреб.
четврток: ОФИ – Хофенхајм, Левски Софија – Салцбург, Јувентус – НЕК, Реал Сосиедад – Борнемут, Викторија Плзењ – Унион СЖ, Селтик – Ференцварош, Кристал Палас – Лех, Бешикташ – Олимпик Марсеј и Лилестрем – Торенсе.