Дома Фудбал Барселона повлече потег, сега се чека на Рафиња

Барселона повлече потег, сега се чека на Рафиња

Барселона започна преговори за нов договор со еден од своите најважни играчи. Бразилскиот офанзивен фудбалер Рафиња прикажува фантастични игри во Барселона, а во каталонскиот клуб размислуваат за иднината и сакаат да му го продолжат договорот.

Рафиња пристигна на Камп Ноу од Лидс во 2022 година. Не блескаше во воведната сезона, па многу се дискутираше за оправданоста на неговото купување.

Меѓутоа, со доаѓањето на Ханси Флик сè се промени. Рафиња стана еден од најважните играчи на Барселона и човек без кого не може да се замисли ударниот тим.

Почетокот на оваа сезона за Бразилецот е неверојатен. Во првенството постигна шест голови и три асистенции во пет натпревари, па Барселона започна со акција.

Според информациите на Диарио СПОРТ, спортскиот директор Деко се сретнал со Рафиња на ручек во Кастелдефелс. Се разговарало за иднината на Бразилецот, чиј актуелен договор трае до летото 2028 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона го торпедираше Алавес со 6-1: Рафиња и Јамал со по два гола!

Барселона постигна четири гола до паузата, а потоа ја заокружи убедливата победа над Алаве…