Дома Фудбал Халанд донел една од најголемите одлуки во кариерата?!

Халанд донел една од најголемите одлуки во кариерата?!

Ерлинг Халанд и понатаму е целосно фокусиран на Манчестер Сити, но зад кулисите се повторно развива приказната за неговата иднина.

Според информациите на TEAMtalk, и Реал Мадрид и Барселона веруваат дека 2027 година може да биде моментот кога Норвежанецот ќе биде подготвен да размисли за заминување од Англија.

Халанд на почетокот на 2025 година потпиша спектакуларен долгорочен договор со Манчестер Сити, по што од клубот стигна порака дека претходните излезни клаузули се отстранети.

Сепак, извори блиски до Реал Мадрид и Барселона веруваат дека во неговиот договор и понатаму постојат одредени механизми кои во иднина може да ги отворат вратите за трансфер.

Уште поважно, според истите информации, помеѓу Халанд и челниците на Сити постои одредено разбирање дека клубот би бил подготвен да разговара за неговата иднина доколку еден ден самиот играч посака нов предизвик, наместо таквата можност автоматски да ја одбие.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нејмар пресреќен: Ако ова е сон, не сакам да се разбудам

Нејмар (34) не ја криеше својата радост од доаѓањето на Филип Кутињо во Сантос. Бразилскио…