Дома Фудбал Хаос во Франција, репрезентацијата се поделила во две групи поради „Златната топка“

Хаос во Франција, репрезентацијата се поделила во две групи поради „Златната топка“

Во француската репрезентација владее напната атмосфера пред објавувањето на првиот список на новиот селектор Зинедин Зидан.

Според информациите што ги сподели поранешниот репрезентативец на Франција и консултант на RMC Sport, Жером Ротен, неодамнешните изјави на капитенот Килиан Мбапе во рамките на кампањата за Златната топка 2026 година предизвикале големо незадоволство кај неговите соиграчи, предводени од Усман Дембеле.

Тензиите го достигнаа својот врв откако напаѓачот на Реал Мадрид во своите обраќања до медиумите индиректно ги потцени некои од претходните добитници на Златната топка. Мбапе го спореди својот развој со оној на Дембеле, изјавувајќи дека фудбалерот на ПСЖ отсекогаш бил третирани само како „талентиран играч“, додека тој самиот од почетокот бил „избраниот“.

Покрај тоа, Мбапе соопшти и дека во ПСЖ немало вистински ѕвезди додека тој го носел дресот на клубот, што предизвика чувство на предавство меѓу играчите на Париз и самиот Дембеле.

Актуелниот носител на Златната топка за 2025 година брзо возврати и на теренот и надвор од него. По победата на ПСЖ над Брест (1:0), Дембеле испрати јасна порака пред камерите:

„Во текот на целата кариера не сум изговорил ниту еден збор, само сум работел многу. Никогаш не сум бил ‘избраниот’, но се трудам напорно. Минатата година бев награден за фантастичната сезона со ПСЖ.“

Ротен посочува дека Дембеле не е единствениот разочаран од постапките на капитенот и дека во соблекувалната на Французите се создаваат две групи. Се чини дека поголемиот дел од играчите се приклонуваат кон „тимот Дембеле“, бидејќи го сметаат играчот на ПСЖ за човек кој обединува тимот и одржува добра атмосфера, за разлика од Мбапе чии ставови стануваат сè понепопуларни.

Зинедин Зидан, како нов селектор, се соочува со првиот голем испит и предизвик, дури и пред да дебитира во официјална улога.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кутињо е трансферот на денот во Јужна Америка!

Филипе Кутињо од денес е и официјално нов играч на Сантос. Бразилскиот клуб со воодушевува…