Дома Фудбал „Бомба“: Серхио Рамос може да оди во Премиер лигата и тоа веднаш!

„Бомба“: Серхио Рамос може да оди во Премиер лигата и тоа веднаш!

Серхио Рамос, иако од почетокот на 2026 година нема договор, сеуште не одлучил да се повлече од активното играње.

Некои извори сугерираат дека Унај Емери сака да го ангажира, искористувајќи го фактот дека е слободен агент, бидејќи му се потребни лидери во одбраната.

Со оглед на тоа што Езри Конса се придружи на Арсенал, Емери го загуби водечкото место во одбраната и затоа во Астон Вила размислуваат да го регрутираат Рамос како дел од ротацијата.

Серхио Рамос, отворен за оваа можност, до неодамна играше за Монтереј во Мексико и би сакал да се испроба на врвот на кариерата уште еднаш во големите натпреварувања.

По заминувањето од Реал Мадрид, Шпанецот одигра за ПСЖ, се врати во Севиља, а потоа ја прекина привремената пензија за да настапи за Монтереј.

Медиумите шпекулираат дека не е невозможно веднаш да мине медицински прегледи и за време на репрезентативната пауза да се подготви физички, со цел да биде опција од клупа во продолжение од сезоната…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кутињо е трансферот на денот во Јужна Америка!

Филипе Кутињо од денес е и официјално нов играч на Сантос. Бразилскиот клуб со воодушевува…