Дома Фудбал Пјер-Емерик Обамејанг – Ова не им успеа ниту на Меси, ниту на Роналдо!

Пјер-Емерик Обамејанг – Ова не им успеа ниту на Меси, ниту на Роналдо!

Легендарниот фудбалер од Габон, Пјер-Емерик Обамејанг, пишува нови страници од историјата на Депортиво.

Човекот кој пркоси на законите на природата, на 37-годишна возраст игра во шпанската Ла Лига како младо момче, достигнувајќи до неверојатен рекорд.

Во ремито против Хетафе, Обамејанг успеа да постигне својот петти гол во исто толку натпревари во шпанската Примера, погодувајќи во секој натпревар од почетокот. Ваков низ во Шпанија не е виден од 2009 година, кога дресот на Барселона го носеше Златан Ибрахимовиќ. Не е тоа се, Обамејанг е само 11. играч во историјата на првенството кој успеал да постигне голови во сите пет натпревари на почетокот од шампионатот.

Пред него, ова го постигнале Виланова, Пруден, Кампанал, Пахињо (2), Пушкаш, Амансио, Куини и Пандијани. Интересно, тоа не го успеале ни Меси, ни Кристијано Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дембеле му одговори на Мбапе и ја заостри трката за „Златната топка“

Напаѓачот на ПСЖ се согласи со тврдењето на ѕвездата на Реал дека низ кариерата го доживув…